ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата Тачела меѓу СДС и Арсовска е базирана на заедничкиот мерак за пари, провизии и матни тендери

Од:

„Тачела е коалицијата на СДС и Арсовска, на која со лепакот наречен тендери и дебели хонорари се прилепени и ГРОМ, ДУИ и Левица. Оваа Коалиција е одговорна за хаосот и нефункционалноста на градот. Сите директори на јавните претпијатија се дел од Тачела Коалицијата и тие наместо да ги решаваат проблемите на граѓаните, создаваат нови“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Заедничката љубов на СДС и Арсовска најдобро се гледа во ЈСП каде кадарот на СДС Александар Стојковски склопи договор тежок 27 милиони евра со семејната фирма на пратеник од мнозинството на Ковачевски без да се пресмета рабат со што би се уштеделе најмалку 1,5 милиони евра. Со овие пари ќе се платеа долговите кон приватните превозници и јавниот превоз немаше да биде во колапс.

СДС залудно глуми лудило кога веќе сите гледаат како функционира нивната коалиција. Доколку навистина сметаат дека Данела Арсовска катастрофално го менаџира Градот Скопје, тогаш СДС ќе побараа нејзина оставка. Но вистината е дека меракот за пари, провизии и матни тендери им е заеднички, па затоа се врзаа“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник