ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата Ковачевски – Арсовска го ограбува народот преку тендери, а го труе со загаден воздух, итни мерки за намалување на загадувањето

Од:

„Коалицијата Ковачевски – Арсовска го ограбува народот преку тендери, а го труе со загаден воздух, итни мерки за намалување на загадувањето. СДС и Арсовска само си ја префрлаат топката во врска со мерките кои треба да се преземат, но ништо конкретно нема“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Плод на соработката Ковачевски Арсовска е директорот на ЈСП Александар Стојковски, кадар на СДС, кој го потпиша договорот за набавка на гориво 27 милиони евра без вообичаениот рабат, со што е оштетено претпријатието за 1.5 милиони евра.

Доколку имаше рабат, ќе имаше 1.5 милиони евра повеќе во касата на ЈСП, пари доволни за да се покрие долгот кон приватните превозници, кои не сообраќаат веќе, и има помалку автобуси на улиците низ Скопје во ек на најголема загаденост во Скопје.

Како што договориле Ковачевски и Арсовска, да постават директор на ЈСП, или како што договараат матни зделки, така нека договорат и реални и ефективни мерки.

Не може плод на нивната соработка да бидат бизнисите, а скопјани да се гушат, зошто тие немаат интерес во решавање ма тој проблем.

20 милијарди евра низ буџети се потрошени, во изминативе 7 години, а ниту едно евро за почист воздух, затоа потребни се промени и нова влада на ВМРО-ДПМНЕ која ќе работи за подобра иднина на државата и народот“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела