ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ ќе го оправа предлог-законот за високо образование

Од:

На денешната расправа на Комисијата за образование во Собранието, треба да се разгледаат 17 амандмани кои ги поднела опозициската ВМРО-ДПМНЕ, а според пратеникот Зеќир Рамчиловиќ, истите треба да го подобрат текстот на законот бидејќи, како што тврди тој, во него иамло низа нерегуларности кои го уназадувле.

Според него, финансирањето, платите на наставниот кадар, студентското организирање, третманот на јавните научни установи, покачувањето на платите на универзитетските професори, студентскиот стандард, правото на бесплатно школување, се само дел од спорните делови на предлог-законот за високо образование.

„Законот е со европско знаменце и се носи по итна постапка. Демократски е, и се надеваме дека министерката ќе ги прифарти амандманите со цел подобрување на законот“, вели Рамчиловиќ од опозициската партија.

На прашањето зошто промените кои ги бараат со амандманите не ги направиле додека тие биле на власт, Рамчиловиќ вели дека тоа е жива материја и за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, партијата тежнеела кон тоа да го подобрува законот за високо образование и додава дека процесот не завршува тука, туку за кратко време очекува да има нови промени.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал