А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Катастрофална е состојбата во Струмица после врнежите од снег

by А1он11/01/2017 - 09:54164
Share0

„Катастрофална е состојбата во Струмица после врнежите од снег и студеното време. Најголема вина за тоа носи незаинтересираниот и неспособен градоначалник Зоран Заев кој граѓаните ги остави на цедило.

Следете a1on на Instagram Instagram

Срамно е аболицираниот криминалец Зоран Заев да дозволи струмичани да си ги кршат рацете и нозете по струмичкиот мраз кој не е исчистен од улиците и тротоарите затоа што Заев или е на новогодишен одмор во монденски одморалишта, или си ги вози скапите играчки по планините, далеку од проблемите на струмичани.

Минатиот викенд во Струмица повеќе од 30 лица побарале медицинска помош поради повреди при лизгање и паѓање на мразот кој Зоран Заев и локалната самоуправа не го исчистија од струмичките улици. Дури 12 струмичани се здобиле со скршеници, а некои од нив дури и завршиле на операциона маса.

За жал деновиве слушнавме и за два трагични случаи со фатални последици за време на поларниот студ во Струмица. Еден живот згаснал поради премрзнување, а вториот додека брзата помош не можела да стигне да интервенира поради неисчистените патишта во општината на Зоран Заев.

Следете a1on на Youtube YouTube

За ова аболицираниот криминалец мора да понесе одговорност. Додека тој се луксузира и забавува во монденски одморалишта и на снегот далеку од градските мразови, неговите граѓани добиваат препораки од лекарите да не излегуваат од дома за да не си скршат раце и нозе на мразот кој Заев не го исчистил.

Ете што аболицираниот криминалец Заев направи од градот. Хаосот во Струмица е доказ за неговата непсособност. За него е најважен личниот луксуз и профит.

Него никогаш не го интересирале граѓаните и нивните животи, туку само луксузот, личното криминално богатење и милионите што секојдневно легнуваат на сметка на неговите најблиски.

Истото што го направи со милионите од Глобал го прави со милионите од струмичкиот гас, го прави со дивоградбата на Цареви кули и со сите криминални тендери во општината“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

dpmnesdsm

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски24/09/2026 - 11:1824/09/2026 - 11:41

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

Катерина Ѓуровски22/09/2026 - 12:18

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он20/09/2026 - 13:19

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он20/09/2026 - 11:53

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Катерина Ѓуровски16/09/2026 - 11:07

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

Катерина Ѓуровски15/09/2026 - 12:28
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео