А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Картелот на власт на чело со Заев си поигрува со трагедијата на семејствата на масакрираните момчиња

by А1он24/04/2018 - 09:5824/04/2018 - 10:07101
Share0

„Картелот на власт на чело со Зоран Заев си поигрува со трагедијата на семејствата на масакрираните момчиња кај Смилковско езеро и ја манипулира целата јавност. Обвинетите се на слобода, исто како што предвидуваше Тиранската платформа. Не постои никаков интерес сторителите на грозоморната егзекуција да бидат ставени зад решетки.

Следете a1on на Instagram Instagram

Родителите на свирепо убиените момчиња кај Смилковското езеро на Велики четврток, пред 6 години чекаат Заев да ја каже вистината, која тврдеше дека ја знае. Заев морбидно си поигрува со нивните чувства и секој ден измислува нова лага.

Заев ја злоупотреби судбината на петте семејства и целиот случај го искористи во крајно морбидна политичка кампања. Алудираше дека функционери од ДУИ стојат зад настанот, дека обвинетите биле во контакт со Невзет Бејта и дека пет од броевите кои биле заведени како државна тајна се на високи функционери на ДУИ. Истиот тој Заев сега манипулира со јавноста велејќи дека Азири и Бејта разговарале за земјоделски субвенции.

Зоран Заев, човекот кој кога го прашуваат за богатството на неговото семејство вели дека не е сигурен дали се шест или седум милиони евра, одеднаш се сеќава дека разговорот помеѓу Невзет Бејта и Фејзи Азири, на денот на убиството не бил поврзан со убиството, туку бил за земјоделски субвенции, ни помалку ни повеќе од 450 евра.

Следете a1on на Youtube YouTube

Граѓаните се многу поинтелигентни, отколку што мислат СДСМ и Зоран Заев. Приказните од типот дека полицајци сами се удираат од пајаци или дека обвинетите во масакрот се гонат само заради тоа што разговарале за 450 евра субвенции се провидни и лесно се наѕира манипулацијата.

Случајот со свирепото убиство кај Смилковско езеро надвор од правната логика е вратен на повторно судење, а убијците ослободени од притвор. Сето тоа е дел од платформата од Тирана, врз чија основа Заев ја направи коалицијата со ДУИ.

Правдата за семејствата на ликвидираните момчиња е поважна од коалицијата на Заев со ДУИ.

Додека десетина патриоти, кои се политички неистомисленици на Зоран Заев како дел од монтиран судски случај со месеци се влечат по притвори и судови, без докази и аргументи, обвинети за тероризам, првично осудени убијци се пуштени на слобода“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

dpmneZaev

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски01/08/2026 - 11:5601/08/2026 - 14:05

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

Катерина Ѓуровски15/07/2026 - 13:28

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Катерина Ѓуровски15/07/2026 - 13:01

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Катерина Ѓуровски12/07/2026 - 12:27

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски01/07/2026 - 14:3401/07/2026 - 14:38

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Катерина Ѓуровски29/06/2026 - 11:51
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео