ВМРО-ДПМНЕ: Кандидатите на СДСМ за градоначалници нема да донесат бенефит за граѓаните

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во писмена реакција оценува дека кандидатите на СДСМ за следните локални избори нема да донесат никаков бенефит за граѓаните.

Во реакцијата ВМРО-ДПМНЕ наведува дека СДСМ за кандидати нуди ликови кои се вмешани во афери и кои немаат никакви реализирани проекти и дела зад себе.

Според ВМРО-ДПМНЕ, кандидатите на СДСМ како Петре Шилегов, Стефан Богоев, Филип Темелковски и Златко Марин нема ништо ново да им понудат на граѓаните на Град Скопје.

– Незадоволството и разочарувањето од кандидатите е видливо и во членството на СДС. Веќе гласно се критикува кадровата политика на СДС од страна на јавните личности кои досега ја подржуваа шарената револуција. Давањето лажни ветувања е главна карактеристика на сите кандидати на СДС досега, но кога ќе дојдат на власт си го покажуваат нивното лице, вели ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски