ВМРО-ДПМНЕ: Кандидатите на СДСМ наместо дела нудат нереални проекти

Од:

Носителот на советничка листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ за општина Центар, Томислав Лазаров на денешната прес-конференција рече дека кандидатите на СДСМ наместо да понудат дела нудат бесмислени, неостварливи и нереални проекти и ветувања.

– Типичен пример за крајно нереален проект даде Андреј Жерновски вчера. Тој наместо да нуди проекти за улици, училишта, детски и спортски игралишта ветува дека општина Центар ќе го покрива со 30 отсто чинењето на секој нов купен велосипед, без притоа да каже колку тоа ќе чини и како тоа ќе се одрази врз буџетот на општината и како ќе ги обезбеди средствата за тоа, рече Лазаров.

Според него, Жерновски не објаснува какви финансиски импликации ќе има неговиот предлог.

– Со оглед на тоа што за една година граѓаните на Центар можат да купат 20.000 велосипеди чија просечна вредност е 300 евра, тоа ќе значи дека само за една година од буџетот на општината ќе се одлеат околу 2 милиони евра, рече Лазаров и додаде дека тоа се средства со коишто општината може да изгради нови улици, катна гаража или пак да прошири булевар, а со тоа директно да помогне во подобрување на сообраќајната инфраструктура.

Тој и порача на коалицијата предводена од СДСМ дека изборите се добиваат со програми, конкретни и целосно финансиски издржани проекти, а не со препишани и набрзина склопени нереални ветувања.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ