ВМРО-ДПМНЕ: Кандидатите на СДС и Филипче се деца на Заев

Од:

„СДС уште еднаш ја покажа својата политичка немоќ и потценувањето на граѓаните, со тоа што предложи кандидати за градоначалници кои се синоним за неспособност, слаб рејтинг и партиска послушност кон Зоран Заев. Овие кандидати се директно избрани од Заев, а изгласани од Филипче и новото раководство на СДС кое беше трет и четврт ешалон во времето на Заев, односно деца и послушници на Заев. Оваа стратегија за изборите е правена од Заев и Филипче пред само некој месец кога говоревме дека овие двајца се во Дубаи, тогаш тие ковале план за Кочани да им биде таргет“ соопштија денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката партија велат „Очигледно е дека овие кандидати се ставени колку да не е без ич, со оглед на тоа дека и оние кои беа досега градоначалници од СДС, не направија ништо за своите општини, освен празнење на општинските каси, нула проекти и развојот одеше во надолна линија. Нивните општини стагнираа, а граѓаните беа оставени сами со своите проблеми“.

„Кандидатите и кадрите на СДС се добро познати по јавноста. Тепачи на жени, манипулатори, луѓе кои им велат на своите граѓани дека нема потреба да ги гласаат, луѓе кои се полни со скандали и криминал, едноставно луѓе без грам достоинство и срам. Некогаш големата СДС, сега е пред распад. ВМРО-ДПМНЕ ќе биде апсолутен победник на локалните избори“ е ставот на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он

(ВИДЕО) Ковачки: Вратите се отворени за секој кој сака да биде дел од тимот кој победува

А1он

(ВИДЕО) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра

СДСМ: Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори истрага за користење службено возило за приватни цели од страна на претседателот на ССМ Трендафилов

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски