ВМРО-ДПМНЕ: Какви совети на буџетска сметка ќе му делат на Ковачевски плагијаторот Леонид Наков и неговиот заштитник Предраг Трпески?

Од:

„Какви совети на буџетска сметка ќе му делат на Ковачевски плагијаторот Леонид Наков и неговиот заштитник Предраг Трпески? Леонид Наков е професор кој е обвинет за плагијат од Филип Фиданоски, Школа за економија, Универзитет на Нов Јужен Велс, Сиднеј, Австралија. Универзитет кој се наоѓа во првите 50 најдобри во светот“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Наков кого Ковачевски го назначува за свој советник го искористил научниот труд на Фиданоски и не го потпишал при неговото објавување. Наков го признава плагијатот, но не го исправа.

Предраг Трпески е декан на Економскиот факултет каде Наков е редовен професор за време на плагијатот, кој не го санкционира по дописот до него од авторот на трудот Фиданоски, кој е жртва на плагијаторот Наков.

Што може плагијатор и негов заштитник да го советуваат Ковачевски и кој е критериумот за избор на советници на премиерот? Дали за избор на советник кандидатот мора да биде дел од некаква афера, за да не падне нивото во СДСМ?“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела