А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Како стигнале информациите за истрагата против владини функционери до Зоран Заев?

by А1он03/11/2017 - 19:05132
Share0

„Денес целата јавност слушна како премиерот Заев изнесе детали од истрагата за која што самиот соопшти дека е отворена против двајца владини функционери именувани во август.

Добивај вести на вибер

Секоја предистражна или истражна постапка е тајна и согласно законот изнесување на каква било информација од постапката е спротивно на закон.

Како информациите за поведената истрага стигнале до Зоран Заев ?

Кој му ги дал информациите и зошто информациите му се дадени на Зоран Заев ?

Дали со изнесувањето на деталите за кои функционери станува збор Заев испраќа предупредување до нив за да постапуваат како што тој ќе им нареди или сака да ги предупреди за да го сокријат криминалот за кој што е отворена истрагата?

Зоран Заев по ниту еден закон не смее да знае како и што работи обвинителството кое е посебен државен орган.

Премиерот Заев со последната изјава јавно се пофали дека прекршува закони, но загрижувачки нема реакција од самото обвинителство, ниту пак од ниту еден друг орган кој има надлежност.

Сето ова буди сомнеж дека обвинителството целосно работи по нарачка и во дослух со Зоран Заев, бидејќи во спротивно треба истото да отвори случај од каде протекле информациите од истрагата.

Ние како ВМРО-ДПМНЕ единствено што можеме да помогнеме во целиот случај е со сигурност да потврдиме дека има најмалку едно лице во владата кое земало поткуп и ја злоупотребувало функцијата, а тоа е Зоран Заев кој е обвинет и досега избегнува рочишта за поткуп од 200 илјади евра, за што има и видео снимка“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

vmro-dpmneZaev

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

Горан Наумовски27/02/2026 - 19:39

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:12

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:11

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:08

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Горан Наумовски24/02/2026 - 09:19

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ22/02/2026 - 12:4822/02/2026 - 13:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен