ВМРО-ДПМНЕ: Како опозиција покажуваме максимална вклученост и иницијативност

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во реакција на соопштение на СДСМ наведува дека додека е опозиција покажа максимална вклученост и иницијативност и даде до знаење дека сака да работи за подобро на граѓаните, а не да води политика на теснопартиски интереси во Собранието.

Според ВМРО-ДПМНЕ смешно е кога СДСМ се обидува да ја објасни итноста и брзањето за поднесените закони кога, како што наведуваат, имаа доволно време истите да ги поднесат и преку дебата по редовна постапка досега ќе беа донесени.

– Наместо приоритетите на граѓаните, на СДСМ поважно им беше вдомувањето на партиските војници во институциите, поставувњето на некомпетентни личности на функции, смената на Јавниот обвинител за спасување на кожата на Зоран Заев и блокирање и спречување на сите проекти кои беа за граѓаните на Република Македонија.

Додаваат дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ откако се опозиција во Собранието на Република Македонија имаат поднесено низа законски решенија кои што произлегуват од релните потреби на граѓаните, но, како што истакнуваат, секако СДСМ и тогаш и сега не најде сила и храброст да покаже конструктивност и да дозволи разгледување на овие закони.

– СДСМ кажува дека мисли и работи за граѓаните, а во Собранието не сака да се зборува за законот за покачување на платите на докторите, не сака да зборува за законот за зголемување на платите во јавниот сектор за 5 отсто, не сака да зборува за законот за намулување на трошоците за извршување, не сака да зборува за бенефициран стаж за рударите, на сака да зборува за продолжување на породилното отсуство, не сака да зборува за многу други теми кои што периодов ги отворија пратениците на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи ветивме дека и во опозиција ќе се бориме и ќе ги претставуваме граѓаните на Република Македонија, нведуваат во реакцијата.

Би можело да ве интересира

Онлајнмедиа со осуда за прес конференцијата на СДСМ: Партијата не смее да дискредитира медиуми

(ВИДЕО) Филипче: Оваа власт не ја сака Европа – сака контрола, капитал и изолација

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Медиумски октопод на Орбан како политичка алатка на ВМРО во Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски

СДСМ: На македонскиот работник му се потребни 12 години за да заработи колку што чинат часовниците на Мицкоски

Горан Наумовски

За СДСМ, Законот за пушење е дефокус на власта