ВМРО-ДПМНЕ: Како идна влада ќе работиме минимум 50 отсто од струјата да доаѓа од базни центри на енергија

Од:

Како идна влада ВМРО-ДПМНЕ ќе работи минимум 50% од струјата да доаѓа од базни центри на енергија. Државата не може да се потпира на фотоволтаични централи и ветро паркови кои продуцираат енергија во определен период од денот или годината, а со тоа ставајќи ја во опасност остатокот од периодот да нема доволно струја во мрежа, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„За стабилно снабдување, потребни се инвестиции во централи кои ќе продуцираат базна енергија, т.е. исто количество на струја во текот на целиот ден во текот на една година, што овозможува предвидливост и сигурност. Со таа цел ќе се работи на модернизација на РЕК Битола и РЕК Осломеј. Власта на СДС и ДУИ ја става Македонија во опасност, а од граѓаните нивни луѓе за ситна корист го земаат и последниот денар за таканаречени инвестиции во соларни и ветро паркови, кои имаа капацитет кој неможе да се пушти во мрежата.

Во моментов се планирани до 8.000 мегавати фотоволтаични централи, капацитетот на мрежата не може да прими ниту 20% од произведената струја. Значи власта ги мотивирала граѓаните да ги инвестираат и последните пари, и не овозможила мрежа за пренос. Дополнително власта ја става во опасност државата, бидејќи таквите соларни централи, произведуваат енергија во определ дел од денот и во определен дел од годината, а не во текот на целата година, ниту пак во текот на целиот ден. Власта нема стратегија, има само желба за кражба на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди поинаков пристап и сигурност за енергетска стабилност“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски

Левица: Честитки до ДПМНЕ – Македонија стана лидер во Европа и по случаи на западнонилска треска по глава на жител

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

Левица: Економскиот „успех“ на ДПМНЕ е само пропаганда – поскап живот, слаби инвестиции и 1,44 милијарди евра дефицит

ВМРО-ДПМНЕ: Во случајот во Ново Село не се инволвирани деца, туку возрасни луѓе на Заев, осудени насилници и наркомани

Горан Наумовски