ВМРО-ДПМНЕ: Кадрите за градоначалници од СДСМ се истрошени и неуспешни

Од:

ВМРО-ДПМНЕ смета дека СДСМ како свои кандидати за градоначалници понудил неуспешни и истрошени кадри и луѓе кои немаат основен кредибилитет пред граѓаните.

Како пример за тоа го наведуваат градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски, кој, како што истакнуваат од партијата, во изминатите осум години станал пример за недомаќинско управување со општината.

– Кумановчани во 21 век се соочуваат со проблеми како од 18 век. Куманово се гуши во сообраќаен метеж, граѓаните се движат по ужасно лоша патна инфраструктура. Зоран Дамјановски пред почетокот на овој мандат вети решавање на сообраќајниот хаос во Куманово. Граѓаните му поверуваа и затоа му ја дадоа довербата. По цели два мандати изминати на градоначалничката фунција, Зоран Дамјановски не помести ниту камче за решавање на овој проблем, истакна на денешната прес-конференција Јордан Пачков, пратеник во Собранието на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека во општината со години останале неасфалтирани голем број улици, а останало нереализирано ветувањето за асфалтирање и реконструкција на главната патна инфраструктура.

Дамјановски, додаде Пачков, вети изградба на катна гаража и подземна сообраќајница, но тоа не го исполни.

– Згора на тоа кумановчани плаќаат еден од најскапите паркинзи во градот. Но, и високата цена на паркингот не е доволна за покривање на трошоците на Куманово. Со една реченица, Куманово е блокирано поради сообраќајниот хаос кој Зоран Дамјановски, иако ветува, не го решава цели два мандати, истакна Пачков.

Според него, иако имал и можност и средства не реализирал ниту еден капитален проект за Куманово, со што, како што рече, ја изиграл довербата што му ја дале граѓаните.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Заев и Филипче да одговорат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“