ВМРО-ДПМНЕ: Каде завршила разликата од 1.3 милиони евра, од пазарната и продажната цена на земјиштето спроти НИП Нова Македонија?

Од:

„Каде завршила разликата од 1.3 милиони евра, од пазарната и продажната цена на земјиштето спроти НИП Нова Македонија? Близу 700 м2 земјиште во строгиот центар на Скопје е продадено од страна на министерството за финансии за само 7 евра по м2, односно за нецели 5.000 евра“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Доколку ова земјиште се продавало во редовна постапка цената на земјиштето по м2 ќе се движела околу 2.000 евра, со што цената која инвеститорот требал да ја плати кон државата ќе била над 1.3 милиони евра.

На оваа локација е дозволена градба на висококатница, а инвеститорот го купил земјиштето како да се работи за земјиште во некое мало населено место, а не во центарот на Скопје.

СДСМ да одговори зошто дозволиле во строгиот центар на Скопје да се продава земјиште по багатела, и дали и кај кого завршила разликата од 1.3 милиони евра?“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела