ВМРО-ДПМНЕ: Каде завршија парите во времето на СДСМ?

Од:

Каде завршуваа парите во време на СДСМ кога не се градеше ништо?! Ова е прашањето кое повторно го поставија од ВМРО-ДПМНЕ.

„Да ние градиме. Го градиме булеварот СВ Климент Охридски. Го изградивме и проширивме булеварот Илинденска. Се реконстуира и прошири булеварот Теодосиј Гоглоганов. Малку подоле е новата зграда на министерството за земјоделие, која е во завршна фаза на изградба. До нејзе е доизградениот стадион Арена Филип 2. За прв пат Скопје и Македонија добија спортски објект како што заслужуваат граѓаните.“

„Ја направивме и жичарницата до Водно. Ние го спроведовме проектот за реновирање 12 средни училишта во Скопје. Направивме и спортски центар Борис Трајковски“, изјави Сашо Стефановски на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Сето ова што го наброивме, рече Стефановски есамо мал дел од она што е изградено во Скопје и Македонија.

„Ова е направено само за неколку години. СДСМ беа 15 години на власт, не памтиме ниту еден крупен проект што го направија. Каде завршуваа овие пари во време на СДСМ? Тогаш немаше пари ниту за изградба и реконструкција на булевари, ниту за спортски објекти, ниту за субвенции, ниту за здравство, ниту за образование“, рече Стефановски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери