А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: „Кацарска судството“ работи под диктат на Заев

by А1он10/11/2018 - 09:2390
Share0

„Кацарска судството“ работи под директен диктат на Зоран Заев, човек аболициран за тежок криминал. „Кацарска судството” е срам за правдата и правдината. „Кацарска судството“ ја влече Македонија се подалеку од демократскиот свет каде што судот одлучува врз основа на факти и докази.

Следете a1on на Instagram Instagram

Почесниот Претседател на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски е жртва на политички прогон и хајка која што однародената и криминална власт ја води против него преку партиското и клиентелистичко судство и обвинителството.

Поранешниот премиер Груевски не сторил никакво дело. Аболицираниот Заев го клеветеше дека наводно крадел милијарди, а неговото „Кацарска судство“ го осуди затоа што неколку пати влегол во службено возило, кое се уште го користи криминалната власт.

Кривичниот совет уште еднаш потврди дека судството во Република Македонија е партизирано и служи за политички прогон на сите кои му се спртиставуваат на Зоран Заев во антидржавите политики. Демократијата и демократските процеси во земјава се мисловна именка.

Следете a1on на Youtube YouTube

СДСМ ја урнисаа правната држава, ги зарабија правосудните органи и целосно ги ставија во функција на аболицираниот криминалец Зоран Заев. Република Македонија и нејзините граѓани стана заложници на криминалниот картел на власт.

Партиското судството во Македонија работи целосно под диктат на Зоран Заев и за нив не важат ниту докази, ниту аргуементи. Судството слепо ги извршува политичките нарачки на единствениот аболициран политичар Зоран Заев.

Кривичниот совет само за да му удоволи на Зоран Заев експресно во најбрз рок и без да ја разгледа ја одби жалбата на Никола Груевски. Ваквиот потег е невиден преседан во судството и уште една потврда дека судот е целосно партизиран и се наоѓа во рацете на СДСМ и Заев.

Поредокот во државата е целосно урнисан, правната држава не постои, а обинителството и судството носат политички пресуди само за да го заштитат криминалот на Заев и распродажбата на се што е македонско. Судот испраќа порака и до секој друг кој ќе му застане на Заев дека ќе го снајде истото доколку му застане на патот во уништувањето на државата.

Со политичкиот прогон и неправда која се спроведува преку институциите се отвора слободен терен на Зоран Заев за продажба на државните и националните интереси.

Додека институциите слепо работат во служба на Заев и заштита на неговиот криминал, Република Македонија се повеќе тоне, граѓаните осиромашуваат, и се распродава се што е македонско.

Македонија е клекната на колена и затоа ова политичко и економско насилство кое го спроведуваат СДСМ и Зоран Заев мора што поскоро да запре. Наскоро ќе дојде ден кога ќе сносат политичка одговорност за ова силување на државата. СДСМ мора да си замине за Македонија да оди напред. Македонија ќе победи!“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

dpmne

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Катерина Ѓуровски29/08/2026 - 12:08

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски24/08/2026 - 13:56

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

Катерина Ѓуровски18/08/2026 - 13:27

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

Катерина Ѓуровски16/08/2026 - 10:32

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски10/08/2026 - 10:4210/08/2026 - 10:51

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски01/08/2026 - 11:5601/08/2026 - 14:05
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео