ВМРО-ДПМНЕ: Кацарска судството и Русковска обвинителството се срам за правдата

Од:

„Суд кој работи под криминален диктат на ликови како Заев и Пендаровски не дели правда, туку неправда. Кацарска судството и Русковска обвинителството се срам за правдата и правдината во Република Македонија.

Заев има афинитет кон лажење и криминал, а со третата амнестија судот само го доведува во прашање сопствениот кредибилитет и не му помага, бидејќи криминалците имаат тенденција да ги повторуваат делата, особено доколку за нив им се прогледува низ прсти.

Апелациониот суд вчера со носење на ослободителна пресуда за Заев, за случај во кој што цела јавност виде дека бара мито, потклекна на притисоцитe.

Дел од судство во Република Македонија е целосно партизирано и работи по насока на Заев и Пендаровски, занемарувајќи докази и аргументи.

Судството слепо ги извршува политичките нарачки на единствениот аболициран политичар Зоран Заев и неговиот послушник Пендаровски.

Додека институциите слепо работат во служба на Заев и неговиот криминал, Македонија и граѓаните секојдневно осиромашуваат.

На Република Македонија и се потребни судии и јавни обвинители кои ќе работат независно и непристрасно, професионално и во интерес на Уставот и законите, а не судии кои судат во грч и под политички притисок.

Заев и Пендаровски ја клекнаа Македонија на колена. Заев единствено што направи со доаѓање на власт е што ги распродаде македонските национални и државни интереси. Со СДСМ и Заев Македонија тоне. Ова мора што поскоро да запре.

Затоа потребно е граѓаните масовно и целосно да се обединат и да дадат поддршка за кандидат за претседател на Република Македонија, за проф. д-р Гордана Силјановска Давкова. Република Македонија и граѓаните заслужуваат правда и правна држава каде што ќе има владеење на правото“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање