ВМРО-ДПМНЕ: ЈСП е бунар без дно, Арсовска да каже зошто нема плати за вработените и покрај изгласаните 700 милиони денари?

Од:

Ретко кога сме изненадени, но не очекувавме дека за толку брзо ќе излезе вистината на виделина, и да се добие потврда за ставовите на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, дека ЈСП е бунар без дно, и дека покрај изгласаните 700 милиони денари субвенции Арсовска уште не исплаќа плати за вработените на ЈСП, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Очекуваме да излезе Арсовска и да каже зошто нема плата, како што воодушевено и полетно излезе кога организираше протести пред советот против ВМРО-ДПМНЕ и кажуваше пред вработените, смеејќи и покажувајќи лажен триумфализам преку оградите, дека го спасила ЈСП. Исто така не очекуваме ништо ниту СДС, Левица и ДУИ кои срдечно ги поддржаа седумстотини милиони денари субвенции, и во исто време водеа хајка против ВМРО-ДПМНЕ и градеа среќа и профитираа врз туѓата несреќа. Тонат како брод среде отворено море, се вели во партиската реакција.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ