ВМРО-ДПМНЕ: Јовевски не смее да прима наредби од лице во притвор

Од:

„Јавното обвинителство и Љубомир Јовевски не можат да постапуваат по наредби на осомничената Јанева. Јовевски не смее да прима наредби од лице во притвор.

Дали доколку Јанева нареди приведување на Русковска од затвор Јовевски ќе постапува по однос на истото и ќе го процесуира до суд!? Заев ја штити Јанева затоа што така го штити својот и криминалот на власта“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Пратеничката група на СДСМ треба да покаже доблест, доколку ја има и да постапи по предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, за разрешување на Катица Јанева.

Со Јанева како официјален носител на функција од притвор и се остава простор за маневар и свесно давање наредба за дејствија со кои се прикриваат докази или се носи истрагата во друг правец.

Јанева е лицето преку кое е вршен милионскиот рекет за потребите на власта и таа не смее да има овластувања од политичко правна природа.

Дали СДСМ чека Јанева да преземе уште некое дејствие, по што ќе биде однесена истрагата во друг правец далеку од Зоран Заев и врвот на власта.

Собранието треба да постапи единствено по насока на веќе донесените одлуки на ЈО и Комисијата за избори и именувања на Собранието.

Секое одлагање на разрешувањето на Јанева е давање ветар во грб на криминалот.

Потребно е разрешување на Јанева веднаш, формирање на независно ЈО и распишување на предвремени парламентарни избори час поскоро“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ