ВМРО-ДПМНЕ: Јовановски претерува, далеку сме од грчко сценарио

Од:

„По жешкиот шамар што СДСМ вчера го доби од Светската Банка, очекувавме Зоран Јовановски и СДСМ да се засрамат и барем 3 месеци да престанат да зборуваат за економија“, стои во писмената реакција на ВМРО – ДПМНЕ на денешната изјава на Јовановски.

„Светската Банка е меѓународна глобална институција, а нивните ставови се најрелевантен показател за економската политика која ја води оваа Влада.Тоа што СДСМ, Бранко Црвенковски и Зоран Јовановски не сакаат да ги прифатат ставовите на светската Банка е најдобар показател за слепилото кое го има зафатено СДСМ“, повторија од ВМРО – ДПМНЕ.

Според нив нереални се обвинувањата на Јовановски дека на Македонија и се заканува грчко сценарио.

„Прво Македонија има државен долг од 30,6 проценти, а Грција фрапантни 189 проценти од БДП државен долг. И каде е тука сличноста? Македонија е четврта најниско задолжена земја во Европа и што и да каже Јовановски не може да го побие тој факт. Како резултат на внимателна и успешна фискална политика во изминатите 4 години, Македонија најмалку ја зголеми висината на државниот долг како процент од БДП, споредбено со земјите од ЕУ и регионот“, стои во реакцијата.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела