ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста слушна како Заев, Кирацовски и Богоев земале 350.000 евра рекет, обвинителството веднаш да покрене постапка

Од:

„Заробеното обвинителство уште еднаш се става во одбрана на криминалот на Зоран Заев и не отвора истрага за него и за Кирацовски и Стефан Богоев за 350.000 евра кои ги земале како рекет за кои потврди и самиот Бојан Јовановски. Јовановски пред целата јавност потврди дека Заев, Кирацовски и Стефан Богоев во 2017 година земале 350.000 евра за незаконско финансирање на партијата за локалните избори, а од обвинителството молк“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Слушнавме како истите тие пари се изрекетирани од коалиционен партер на СДСМ со цел тој да добие атрактивни локации за градење во општина Карпош додека Богоев беше градоначалник.

Слушнавме и како се рекетирале други бизнисмени за проектот „Меѓународен сојуз“ пари кои очигледно е дека завршиле во кланот Заев и за кои нема никаква постапка.

Слушнавме и дека се што се правело било со знаење и амин лично на Зоран Заев додека истиот беше премиер.

Уште еднаш се потврди дека Зоран заев е главата на октоподот, а сите други како Кирацовски и Богоев биле само пипците кои му помагале при рекетирањето.

Нормално обвинителство веднаш на распит ќе ја повикаше оваа „златна криминална тројка“ на чело со Зоран Заев, но ова обвинителство кое се уште е во канџите на СДСМ и на Заеви одлучува да го штити криминалот.

Тоа што обвинителството и судството не реагираат само фрла сомнеж дека истите тие матни зделки, рекетирања и криминали СДСМ се уште ги спроведува.

Обвинителството и судството треба да се одважат, да излезат канџите на Заев и конечно да почнат да ја спроведуваат правдата и да се борат против криминалот.

Порано или подоцна правдата ќе ги стигне сите кои што се огрешиле пред законите, одговорност мора да има и ќе има“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ