ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста секојдневно ја тресе некој нов скандал во здравството

Од:

„Наместо по луксузните вили во Вал Гардена, Заев нека се појави во ходник на некоја од болниците. Наместо во скапо Ламборџини, Анѓушев нека се провози во Брза Помош. Ја опустошија државата, а нема денар инвестиција во здравството.

Граѓаните кои одат низ болниците секојдневно се соочуваат со безидејната политика на СДСМ во здравството. Секојдневно јавноста ја тресе некој нов скандал често пати со фатални последици.

ГАК се претвори во симболот на неодговорноста на власта.

Вчера јавноста се потресе од нов скандалозен случај. Татковци по болничките ходници се пресметуваат со болничкото обезбедување заради тоа што им се нудат бебиња со друго презиме. Ова е недозволиво и крајно неодговорно. Кој ќе одговара за стресот и нервозите кои ГАК го предизвика на ова семејство. Додека пред една недела поради грешка во болницата родилка ја напуштила ГАК со туѓо новороденче. Води ли некој грижа во министерството за здравство за состојбите во болниците? Или пациентите се оставени на милост и немилост.

Скандалите кои секојдневно ја тресат ГАК ја стресуваат јавноста. Граѓаните чекаат одговори.

Колку новороденчиња починале на ГАК изминативе 10 дена?

Дали е точно дека е најдена живото опасната бактерија МРСА на креветчињата на бебињата и на раните на оперираните пациентки, бактерија која може да предизвика фатални последици по животот на новороденчињата?

Ја штити ли некој директорката на штета на пациентите само заради тоа што е блиска пријателка на сопругата на премиерот Зоран Заев ?

Власта мора да одговори, а не да молчи.

Состојбата во ГАК е само кулминација на неодговорноста на власта кон здравството. 8 месечното управување со здравството од страна на СДСМ, Република Македонија ја спушти 2 скалила на европскиот индекс за квалитет на здравствените услуги.

8 Месеци СДСМ – 8 месеци голгота низ болниците во државата. Недостасуваат лекови за лекување на ретки болести и рак, медицинските апарати не се сервисираат, а постојано има и инсуфициенција на инсулин.

СДСМ мора да сноси одговорност. Граѓаните заслужуваат модерно здравство. Граѓаните не се должни да страдаат поради неодговорноста на една мала група на луѓе во врвот на СДСМ“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Чекаме Филипче и СДС да расчистат со политичките случувања во другите држави, за да се вратат во реалноста и да почнат да бидат опозиција во Македонија

СДСМ: Мицкоски ги ангажирал „Black Cube“ – приватниот „Мосад“ за следење на опозицијата

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Заев и Филипче да одговорат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот