ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста и без Русковска ја знае вистината дека врвот на власта е длабоко уплеткан во „Рекет“

Од:

„Случајот „Рекет“ е единствениот целосно реализиран проект на Зоран Заев во овие три години бидејќи и тој и неговите соработници безрезервно му се посветија.

Јасно е дека власта не можела да работи ништо друго бидејќи цел мандат нивните функционери наместо да носат инвестиции пиеле кафе со Боки 13.

Наместо натпревар кој повеќе проекти ќе направи имало натпревар кој повеќе слики ќе има со Боки 13“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Цел политички врв е фатен во криминален октопод, а Русковска обвинителството невешто ги прикрива луѓето од власта.

Иако спомнат од жртвите во „Рекет“, Вилма Русковска не најде причина да го повика Оливер Спасовски на распит и да го праша зошто не постапил кога цел јавност знаеше дека Боки 13 функционира криминално. Јавноста и без Русковска ја знае вистината дека врвот на власта е длабоко уплеткан во „Рекет“.

Наместо да се насочи кон организаторите и функционерите кои му дале моќ на Боки 13 да рекетира бизнисмени повеќе една година и никој да не смее да го пријави, Русковска го затвори случајот со извршителите.

Бегањето од правдата нема да трае уште многу. По 12 април ќе има комплетна одговорност за сите кои се огрешиле кон законите“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му