ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста е сведок на селективната правда што ја спроведува СДСМ и институциите под нивна контрола

Од:

„Десет месеци Македонија тоне во корупција, а јавноста е сведок на селективната правда што ја спроведува СДСМ и институциите под нивна контрола.

Судовите, Јавното обвинителство и СЈО работат како продолжена рака на Зоран Заев. Правда, Устав и закони не постојат.

Веќе никој не верува во правдата која потклекна под партиските наредби на СДСМ.

Откако е СДСМ на власт, криминалот на функционерите на СДСМ се покрива и прикрива.

Јавното обвинителство молчи и не кажува до каде е постапката против двајцата функционери од владата за кои Заев рече дека има сомнеж за корупција. Постапка за набавка на 40 возила за МВР преку кумановската фирма донатор на СДСМ, нема.

Постапки против изборниот криминал и заканите врз гласачите во текот на последните локални избори, нема.

Постапка против министерот за внатрешни работи за незаконско апсење на пратеници без да биде симнат имунитетот, нема.

Од друга страна луѓето кои го кренаа гласот против лудилото на СДСМ се најдоа во македонските затвори, само затоа што безрезервно си ја сакаат својата држава. Патриотите кои предупредуваа какви погубни политики ќе се спроведат во Македонија се во притвор само поради тоа што се спротиставија на антидржавните политики на Заев.

СДСМ го користи притворот како казна за сите неистомисленици и политички непријатели на Заев.

Правосудните органи се покажаа како продолжена рака на власта, за прогон на политички неистомисленици.

Секој ден кои овие храбри луѓе го поминуваат во притвор како политички затвореници, за Македонија значи оддалечување на нашиот пат кон ЕУ и НАТО.

Секој ден поминат во притвор е само одмазда со која што Заев сака да ја замолкне јавноста и медиумите за да не прашуваат какви предлози доставил до Атина, со кого се консултирал и во чие име ги доставил“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски