ВМРО-ДПМНЕ: Јакимовски е во була неколку милиони евра

Од:

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека „недомаќинското однесување на градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски ја доживува својата кулминација“.

„Стевчо Јакимовски е должен да одговори, дали поради булата од неколку милиони евра, општината не е во можност да ги исплати побарувањата кои што кон неа ги имаат неколкуте градежни компании и веќе имаат покренато и судска постапка со цел да си ги наплатат долговите кои што кон нив ги има Општина Карпош“, праша Сашо Лазаровски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, ситуација настанала поради нереално проектираниот буџет на Јакимовски и лошото менаџирање со парите на граѓаните на Карпош.

„Но за разлика од градежните компании Јакимовски не должи ниту денар на невладините организации, за кои минатата година биле предвидени средства од буџетот на општината. Тоа се невладините со кои прави караоке забави и скапи еднодневни обуки.

Четири години не направи ништо за Карпош, сега на залезот на неговата градоначалничка и политичка кариера, најавува изградба на плоштади, паркови и што ли уште не. На кое уво ли до сега спиевте Јакимовски“, праша Лазаровски.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?