ВМРО-ДПМНЕ ја повика Владата да ги прифати нивните предлог-решенија за земјоделците

Од:

Владата на СДС ги измами земјоделците, а ветената помош никаде ја нема. Производителите на праски се оставени на цедило, а над 30 отсто од родот веќе е уништен поради недостигот на реакција од ресорното министерство, обвини денеска на прес-конференција Ванчо Костадиновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, поради неодговорност и неажурност на министерот Николовски, пропаднал годинашниот род, а трпението на земјоделците од Росоман е при крај.

– Неговите квази мерки се однесуваат на килограм предадена праска, а земјоделците од терен говорат дека откупот или оди со потешкотии или има денови кога воопшто не се откупува. Времето за овие луѓе е скапоцено, бидејќи тие со земјоделство ги прехрануваат своите семејства, а Николовски им нуди парцијални решенија кои немаат никаков ефект. Затоа најголем дел од родот оваа година остана несобран, бидејќи на граѓаните повеќе им се исплаќа да го фрлат плодот отколку да го продаваат, истакна Костадиновски.

Нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ повторно ја повикува Владата да ги прифати нивните предлог решенија – земјоделците да бидат 100 проценти обесштетени од штетите од пролетниот мраз и тоа во итна постапка. Дополнително да се обесштетат земјоделците за непогодите од 2016 година кои не се исплаќаа поради ограничувањата во изборниот законик.

– Итно да се заложи Владата и министерството да се изнајдат откупувачи и нови пазари за македонските праски, бидејќи според податоците кои ги имаме во моментот, увозот на праски оваа година далеку го надминува извозот на домашното производство, што е погубно за нашите производители на праски. Ја повикуваме Владата поради тешката состојба со овоштарството во оваа година да донесе итни мерки за дополнителна субвенција по хектар од најмалку 50 проценти повисока од редовниот износ, со цел овоштарите да може да ја преживеат оваа година, рече Костадиновски.

Би можело да ве интересира

Тошковски и Николоски му се заблагодарија на Мицкоски за предлозите да бидат министри

A1on

Најавени министрите од новата влада: Муцунски во МНР, Ристовски за спорт, Тошковски во МВР, Николовски за транспорт

A1on

Љутков: Очекувам гласање за новата влада во Собранието околу 20 или 22 јуни

A1on

ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе ги соопшти имињата на новите министри и заменици

A1on

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ станува изолирана партија, огромно двотретинско мнозинство во собранието поддржа системски закон

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Славјанка предремаа седум годишна брутална злоупотреба од ДУИ