ВМРО-ДПМНЕ: Ја посрамотија Македонија со истакнување погрешно знаме, но не згрешија кога делеа пари на советниците на Заев

Од:

Кога станува збор за работа и за одбрана на државните интереси, Зоран Заев и неговиот криминален картел се целосно неспособни, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Кога станува збор за криминал, наместени тендери, лиценци и стипендии, злосторничкото здружение околу Заев е светски шампион.

Доказ за тоа е што успеаја да го утнат и австриското знаме при посетата на канцеларот Себастијан Курц, а не промашија ни буква кога во итна постапка на ден пред избори требаше да и префрлат 40.000 долари на ќерката на министерот Никола Димитров. Тате може да промаши со знамето ама не може да го промаши рокот за да обезбеди стипендија за ќерката. Ако може на Лазе Велковски ќерката да си се вози со службен џип до грчките плажи, ќерката на министерот заслужува многу повеќе.

Ја посрамотија Македонија со истакнување на летонското наместо австриското знаме, но не згрешија кога на советниците на Заев и нивните блиски им делеа пари за криминалните иновации.

Заев не издржа во колнењето и во дедовците и во внуците дека нема нормален човек што ќе го сменел уставното име, но затоа Кочо Анѓушев е главна звезда по грчките медиуми со неговиот успех да инкасира 5 милиони евра од грчкото електростопанство кое тоне во долгови. Заев прифати промена на идентитетот, а Анѓушев си нареди десетици тендери.

Секојдневниот грабеж и секојдневните порази и срам што и го нанесуваат на Македонија се обидуваат да ги покријат со штетниот и капитуланскиот договор.

Граѓаните гледаат дека со овој договор не само што се менува името туку се загрозува јазикот и идентитетот.

Ова антидржавно однесување на СДСМ мора да престане. Зоран Заев мора да си замине. Само така Македонија ќе победи.

За да не направат нов срам и за да не ни се потсмева регионот и Европа, ВМРО ДПМНЕ сака да и помогне на владата да направи огромен дипломатски успех и да го погоди германското знаме при посетата на канцеларката Ангела Меркел. Затоа во прилог го испраќаме знамето кое би требало да биде истакнато“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните да бидат спокојни, нема да одиме по стапките на СДС и ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: ССМ и Трендафилов одбија 40 отсто зголемување на платите

СДСМ: ЗНАМ се дели, ВМРО прави ново движење за создавање контролирана и раситнета опозиција

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски

„За ВМРО-ДПМНЕ нема подобро решение од Венко Филипче – проблемот е што тој е штетен за Македонија“, реагираат од владејачката партија

А1он

(ВИДЕО) Стојаноски: СДС и ДУИ наместо да се надминат себе си, одлучија да тераат инает

А1он