ВМРО-ДПМНЕ: Ја осудуваме злоупотребата на деца во политичка кампања од страна на Шилегов и СДСМ

Од:

„Петре Шилегов избезумен од слабиот рејтинг кој го има почна да злоупотребува и деца во кампања. Во текот на вчерашниот ден Шилегов се пофали дека исцртал патеки низ Градски парк, па не знаејќи како да го доближи тоа до народот и да добие симпатии за оваа работа која е редовна надлежност на претпријатијата во градот злоупотреби деца кои организирано се сликани од страна на неговите професионални фотографи“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Шилегов треба да каже дали за ова ги користеше училиштата во град Скопје и зошто децата наместо на настава се злоупотребуваат за партиска кампања?

Истовремено ги повикуваме и здруженијата за заштита на децата да го осудат ова однесување на Шилегов, кое претставува организирана злоупотреба на деца во партиски цели.

Апелираме ваквата пракса од страна на СДСМ да запре, и децата да се остават на страна од политиката. Тоа што тие губат нема да го покријат со ништо, но не смее да малтретираат деца да се местат во кадар за сликање“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му