ВМРО-ДПМНЕ ја обвини Владата за еколошка катастрофа

Од:

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини Владата предводена од СДСМ за неспособност и неодговорност оти дозволила да се прошират пожарите и не реагирала соодветно на проблемот со депонијата во Струга.

– Неспособната влада дозволи и најмал пожар да се прошири во сериозни размери. Тоа се случи со пожарот во Зрновци, во Ѓорче Петров, како и со пожарот во Македонски Брод кој веќе неколку дена се шири, а владата на СДС не се потруди да го запре и угаси бидејќи за нив се побитни луксузните вечери со Каракачанов отколку здравјето на граѓаните. Додека граѓаните деноноќно се гушат во чадот од депониите во Струга, Арачиново и Тетово, функционерите на СДС си организираат средби со амбасадори по луксузни хотели, стои во соопштението.

Според партијата, за овие неполни два месеца поради својата негрижа и неажурност 26 министри во Владата на Заев со него на чело дозволиле во секое место од државата да се случува еколошка катастрофа, а граѓаните да бидат оставени сами да се справуваат со овие еколошки проблеми.

– ВМРО-ДПМНЕ како одговорна партија која служи на граѓаните ги повикува сите невладини организации на Соросовата фондација кои се фалат дека се грижат за здравјето на луѓето и животната средина да се огласат и да ја осудат неработата на владата на СДС. Време е СДС да почне да работи во корист на граѓаните, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ според која СДСМ за тоа ќе понесе одговорност на локалните избори.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела