ВМРО-ДПМНЕ ја манипулира јавноста со вредноста на АД Славија тврди СДСМ

Од:

Не престануваат обидите на ВМРО-ДПМНЕ преку разни конструкции да се изземат од одговорноста за раскрчмување имотот на АД Славија.Факт е дека вредноста на АД Славија драстично е опадната во периодот 2012 – 2017 година кога имотот се цепкал и продавал по пониски цени велат од СДСМ во реакцијата на денешната прес конференција на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче арсовски.

– Факт е дека во тој период распродадени се над 70 отсто од имотот на АД Славија. Денес портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ ја манипулира јавноста прикажувајќи ја само приходната страна од сметката, а не и расходната. ВМРО-ДПМНЕ има целосна одговорност за состојбата во која денеска се наоѓа АД Славија. Со тајни продажби, зад затворени врати по неповолни и ниски цени се распродавани десетици дуќани и најатрактивни локали, некогашни маркети на Славија, во Скопје и низ целата држава, кои денес се сопственост на приватни компании, дел од нив блиски до опозициската партија. Наместо да шири лаги, ВМРО-ДПМНЕ треба да им објасни на граѓаните зошто за 12 години не го решила проблемот со Славија, туку тајно, по неповолни цени, распродала две третини од нејзиниот имот, се вели во реакцијата од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема

Сопругата на Орце Ѓорѓиевски: Какви 30 илјади долари, чантата е купена на попуст од 944 денари

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Младеновска: Власта тера луксуз и тендери, а крати 3 милиони евра за болните од ретки болести

(ВИДЕО) Жерновски: Портпаролката на Владата, Митева потврди дека Мицкоски управува со судовите