ВМРО-ДПМНЕ ја готви „македонската платформа“ преку Социјалистичката партија?

Од:

Социјалистичката партија на Љубисав Иванов – Ѕинго, коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ излезе со повик до македонските партии да формираат македонска Платформа за како што наведуваат опстанок и развој на Македонија.

„Како кулминација на сите настани во изминатиот период се појави крајно опасната платформа на албанските политички партии во Република Македонија, креирана во соседна Албанија, со активно учество на албанската држава и раководство. Оваа платформа е без чувство за одговорност за мирот и стабилноста на Балканот, инспирирана од други надворешни сили кои до сега и сеуште учествуваат во дестабилизација на Република Македонија и во нејзиното уништување“, велат од Социјалистичката партија.

Од таму не наведуваат што точно би содржела платформата, единствено велат дека мора да бидат опфатени сите прашања кои се однесуваат на внатрешното уредување, безбедносниот карактер, функционирањето на институциите, јазикот, името, културата, историјата, економијата и надворешната политика.

Идејата за „македонска платофрма“ веднаш е прифатена од ВМРО-ДПМНЕ и од аналитичарите кои се блиски до оваа партија, а неколку дена по идејата наводно нафрлена од СПМ, Груевски на средба со францускиот амбасадор Кристијан Тимоние ја подврдил можноста за ваква платформа.

„Мнозинската заедница, поточно македонската, да направи своја нова платформа и да ја постави како услов за сега и за во иднина, што ќе биде причина за нови проблеми и прегрупирања, така што не прифативме разговор базиран на една национална платформа и сметаме дека тој што ги убедил ДУИ да тргнат по еден ваков пат им направил „мечкина услуга“, пишуваше во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ по повод средбата на Груевски со Тимоние.

За ваква платформа пишуваше и во колумна на професорката на Правниот факултет Иванка Додовска, која самата си се прогласи за продесен експерт.

Македонска платформа во своја колумна за еден дневен весник спомена и екс амбасадорот Ристо Никовски.

„За Македонија да опстане, неопходни се одлучни чекори. Дома, за да се постигне макар минимален национален консензус и по можност да се подготви „Македонска платформа“. На меѓународен план, пак, потребна е широка дипломатска акција за одбрана на нашите легитимни и универзални права. Kако и многу пати досега, ние сме на потег. Дали и овој пат ќе ги преспиеме предизвиците, од нас зависи“, пишува Никовски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски