ВМРО-ДПМНЕ ја демантира изјавата на Бејта

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагираше на изјавата на потпретседателот на ДУИ, Невзат Бејта, во која што тој кажа дека ВМРО-ДПМНЕ ја прифатиле платформата на албанските партии.

„ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не постигнаа договор за идно коалицирање бидејќи за нас е целосно неприфатлив принципот на уцени и формирање на Влада по цена на рушење на највисоките национални и државни интереси. Ноторна лага е изјавата на Невзат Бејта дека ВМРО-ДПМНЕ предложило промена на униформите на полицајците Албанци.

Со ваквата изјава, Невзат Бејта ја презема улогата на портпарол на аболицираниот криминалец Зоран Заев и се обидува да му направи простор за реализирање на Тиранската Платформа. Бејта со изјавата потврдува дека ДУИ и СДСМ се согласиле околу Тиранската Платформа и имаат сериозна намера да ги реализираат елементите во неа.

Тоа нема да помине. Стотици илјади граѓани секојдневно го изразуваат својот гнев од сервилниот однос на криминалецот Заев.

Народот е на нозе! Македонија се буди!

Тиранската Платформа не поминува!“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела