ВМРО-ДПМНЕ: Измените на Законот за земјоделско земјиште значајни за општините

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска оцени дека измените на Законот за земјоделско земјиште кои се во собраниска процедура ќе бидат од големо значење за општините затоа што со нив се предвидува подеднаква распределба на закупнината на државата и на локалните самоуправи.

Пратеникот Ромео Тренов на прес-конференција појасни дека средствата од закупнината на земјоделското земјиште во државна сопственост ќе се распределуваат во сооднос 50 проценти за државата и 50 проценти за општините.

– Со предложените измени на Законот за земјоделско земјиште се овозможува распределбата на средствата по основ на закупнина помеѓу Република Македонија и општините каде што се наоѓа соодветното земјиште да се одвива со соодветна динамика и тоа, за 2015 година 10 отсто, за 2016 година 20 отсто, за 2017 година 30 проценти, за 2018 година 50 проценти, но доколку општините го исполнат условот и ја зголемат наплатата на приходи од данок на недвижен имот до ниво од најмалку 80 проценти, истакна Тренов.

Измените, сметаат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, претставуваат добра можност за зголемување на буџетот за општините кои имаат мали буџети и немаат дополнителни приходи од други дејности.

– Со новите Предлог измени на законот за земјоделско земјиште се продолжува да се прави баланс помеѓу распределба на приходите помеѓу урбаните и руралните општини, истакна Тренов, додавајќи дека измените ќе придонесат за побрз и поквалитетен економски развој на општините.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ