ВМРО-ДПМНЕ: Измама на Шилегов вредна 12.7 милиони евра, само за ова се лежи во затвор

Од:

„Во ноември месец во 2019та година скопскиот градоначалник Петре Шилегов ја продаде градската куќа за 12.7 милиони евра, “частејќи го” новиот сопственик со гратис земиште и ослободени комуналии.

Со парите од 12.7 милиони евра, речиси 2 години подоцна не е купен нов објект, ниту пак е започната некоја нова инвестиција од корист за скопјани“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„Шилегов мистериозно „ги стопил“ овие пари кои според нашите сознанија не се на сметката.

Дали со продажбата на претходно изградената градска куќа е направена измама тешка 12.7 милиони евра?

Претходно предупредивме дека направен е “договор” за објектот на поранешното ЕСМ, каде градот би бил оштетен по принципот ново за старо. Во меѓувреме главното прашање е каде се, и за што се употребени 12.7 милиони евра од продажбата на новата градска куќа?

Ваквата измама е доказ за неработата, мрзливоста и лепливите прсти на Шилегов. Додека Скопјани чекаат проекти, градската каса се празни за приватни џебови.

Шилегов по стапките на неговиот ментор Заев е целосно преокупиран со сомнителни и криминогени проекти“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ