ВМРО-ДПМНЕ: Изјавата на португалската министерка е доказ дека Бугарија не е осамена во ветото

Од:

Нема ништо од ветувањето на Заев за европска иднина, Македонија се брани во Брисел, а не со коленичење во Софија. Додека претседателот Христијан Мицкоски го користи секој контакт да ја промовира Македонија, Заев ја понижува порачуваат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

„Мини Шенген на Заев не може да биде замена за европската иднина. Изјавата на португалската министерка е доказ дека Бугарија не е осамена во ветото. Додека Заев чека да ја проверел преку МНР автентичноста на снимката од португалската министерка, сите ние слушнавме што кажа. Прво, дознавме дека освен Бугарија има и други држави кои не се против ветото, второ, навикнавме Заев да не реагира на омаловажувањата за нашите идентитетски обележја“ – се вели во соопштението од опозициската партија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он