ВМРО-ДПМНЕ избрифираа зошто не го поддржуват законот на Јанева

Од:

Вработените во специјалното јавно обвинителство мора да имаат еднакви права како вработените во останатите јавни обвинителства и Катица Јанева мора да ги почитува принципите на системот. Ова е аргументот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ зошто не го поддржаа Законот за јавно обвинителска служба на специјалното јавно обвинителство, предложен од пратеничката група на СДСМ, а по иницијатива на Јанева доставена до сите пратенички групи во Собранието.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не сакаа да дадат изјава и да објаснат зошто не го поддржуваат законот кој би овозможил непречно функционирање на специјалното јавно обвинителство.

Илија Димовски, кој ги избрифира новинарите за нивните причини, рече дека не сака да даде изјава затоа што така одлучил.

Како што рече тој, прашањата во предложениот закон веќе се уредени со постоечката законска регулатива. Имено, рече Димовски, има членови кои се идентични со Законот за јавнообвинителска служба, со Законот за јавни службеници и со Законот за административни службеници. Дел од одредбите, пак, рече тој, ги нарушуваат принципите по кои работат јавните обвинителства и администрацијата.

Ако се донесе овој закон, според Димовски, наградите на вработените во специјалното јавно обвинителство ќе бидат во висина на три просечни плати. Вработените во СЈО, рече тој, мора да имаат еднакви права и да ги почитуваат веќе донесените законски одредби.

Сепак, постоечките регулативи се донесени пред формирањето на специјалното јавно обвинителство и нивното применување би значело нарушување на автономијата која на Јанева и е загарантирана со законот. Имено, според постоечките закони, за вработување во јавнообвинителска служба одлучува републичкиот јавен обвинител по прибавено мислење за одобрени финансиски средства од Министерството за финансии. Тоа би значело дека за секој вработен Јанева прво ќе мора да добие согласност од Марко Зврлевски и од министерот за финансии, Зоран Ставревски.

Како што рекоа претходно од обвинителството на Јанева, постоечката законска регулатива (Законот за јавнообвинителска служба), предвидува постапки за вработување на лица, кои не се во согласност со Законот за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

„Согласно овој Закон, решенијата за вработување ги донесува Јавниот обвинител на Република Македонија, а самиот закон не предвидува правен основ за вработување на лица во ова Јавно обвинителство, бидејќи истото е основано после донесување на Законот. Имајќи ги предвид  принципот на автономија на ова Јавно обвинителство, специфичните надлежности и дејствијата кои е овластено да ги извршува, фактот што истото за првпат се воспоставува во Република Македонија, како и фактот дека ова Јавно обвинителство ги вклучува и истражителите, експертите, стручната и административната служба, имајќи го предвид и специфичниот карактер на работите и работните задачи кои ги извршуваат вработените, се наметна потребата од донесување на нов Закон, во кој ќе бидат регулирани сите прашања кои во постоечкиот закон за спорни, а ќе се предвиди субсидиерна примена на постоечкиот Закон, за сите прашања за кои постои таква можност“, посочија од специјалното јавно обвинителство.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ прифаќа надзорна и анкетна комисија за Кочани, но да бидат вклучени и другите трагедии

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Победата на ВРЕДИ е формална, се е благодарение на организираното гласање на ВМРО-ДПМНЕ, вели Адеми

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?