ВМРО-ДПМНЕ: Изборот на нови 3 потпретседатели на Собранието е тотално непотребен

Од:

„СДСМ го користи Буџетот за коалициски пазарања и делење нови измислени функции на партиските послушници. Изборот на нови 3 потпретседатели на Собранието на Република Македонија е тотално непотребно.

СДСМ создава само дополнителен трошок.

Месечниот трошок за еден потпретседател на Собранието на РМ по основ на плата, асистент, секретарка, возач, гориво, репрезентации и други трошоци изнесува 225.000 денари или приближно 4000 евра. Вкупниот трошок за двата нови потпретседатели изнесува 8000 евра.

Тоа се 8000 евра месечно, пари кои можат да се вложат во здравството, образованието, во отворање на нови работни места и за голем број други проекти. Наместо на развој СДСМ сепак се реши овие пари да ги потроши за измислените функции на Ременски и Мисовски.

Одлуката да се именуваат нови 2 потпретседатели на Собранието не создава додадена вредност, туку е уште еден удар по џебот на граѓаните од страна на власта.

Ова е сосема спротивно од заложбите на СДСМ пред изборите. Пред изборите ветуваа намалување на непродуктивното трошење, сега го зголемуваат.

СДСМ со ова недомаќинско работење и трошење на народните пари за личниот луксуз и хедонизам, се изживуваат врз граѓаните и ја води државата кон амбис од кој нема враќање назад.

Се троши за непродуктивни и луксузни работи, а пари за реалните потреби на граѓаните нема“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази