ВМРО-ДПМНЕ: Изборите празник за демократијата во Македонија

Од:

Денешниот втор круг од локалните избори беше празник за демократијата во нашата држава. И овој ден за Република Македонија, како и оној пред две недели ќе значи напредок за државата во остварување на европските перспективи, оценија вечерва од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

– Граѓаните на Република Македонија во одличен број денеска излегоа на гласање во овој втор круг на изборите. Процентот е многу солиден односно голем споредено со вторите кругови на гласањето на локалните избори во изминатите години. Очигледно е дека на овие Локални избори народот ја искажува недвосмислено својат политичка волја и недвосмислено го дава правецот како треба да се развиваат и да се движат и единиците на локалната самоуправа и целата држава, изјави директорот на центарот за коминикации на ВМРО-ДПМНе Илија Димовски по затворањето на избирачките места.

ВМРО-ДПМНЕ, додаде, со оптимизам и верба во исправноста на нашите политики и дела ги очекува оваа вечер резултатите од повеќе општини низ Македонија каде што се споредува вториот круг на гласање.

Би можело да ве интересира

Косово на прагот на нови предвремени избори

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски