„Истите обвинители кои до сега не гонеа и штитеа организиран криминал, ќе треба да гонат криминал. Со истите овие обвинители и оваа власт на СДСМ и ДУИ државава стана најкриминална во Европа според сите мерења. Тоа е заслуга на истите обвинители кои денес одново добија функција“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Ова се истите обвинители кои прогледуваа низ присти на Ден Дончев и го пуштија да избега откако претходно го виде цела јавност како зема мито.
Истите обвинители пуштаа на слобода и се откажуваа од гонење на осудени криминалци, мистериозно од затвор ослободуваа учесници во сообраајни несреќи, не го ни чепнаа Зоран Заев и целиот негов клан за сите тендери во РЕК, Рекети, случајот Дака и десетици други скандали.
Поради истите овие обвинители не му фали влакно на Оливер Спасовски кој делеше пасоши на криминалци и мафијаши кои доаѓаат од целиот свет, бандите и наркокартелите од Грчец се посилни од државата благодарение на истите овие обвинители.
И Рускоска да одговори зошто изборот на јавни обвинители не беше пренесуван јавно и целиот процес не беше транспарентен? Што сакаа да сокријат со изборот на ваквите обвинители“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
