А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Инвестирани 48 милиони евра за реконструкција на пруги и нови вагони и патнички возови

by А1он14/05/2016 - 18:2091
Share0

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ вложи 25 милиони евра само за набавка на шест нови патнички возови, како и дополнителни 15 милиони евра за набавка на нови 150 товарни вагони. Во тек е набавка и на три нови локомотиви, инвестиција од седум милиони евра, се наведува во партиското соопштение како реакција на денешната изјава на Благој Бочварски од СДСМ.

Добивај вести на вибер

СДСМ лаже и манипулира, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ, и заборави да потсети и дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ исто така им ги исплати сите заостанати плати на вработените што СДСМ им ги украде.

– Во изминатите години Владата на ВМРО-ДПМНЕ инвестираше околу 48 милиони евра за реконструкција на пругите на Коридор 10 како и за набавка на нови товарни вагони и нови патнички возови. Дополнително се модернизираше железничката станица во Скопје. Во тек се инвестиции во висина од над 80 милиони евра за изградба на нови пруги кон Бугарија и Грција, реконструкција на една делница на Коридор 10, како и реконструкција на 10 железнички станици на истиот Коридор.

Се гради пругата кон Бугарија, првата делница од Куманово до Бељаковце, инвестиција од 40 милиони евра. Набргу ќе започне да се гради и втората делница од Бељаковце до Крива Паланка, инвестиција од 147 милиони евра. Во тек е проектирањето на третата делница од Крива Паланка до границата со Бугарија, се гради пругата од Битола до границата со Грција, инвестиција од 19 милиони евра, се реконструира пругата од Ногаевци до Неготино, инвестиција од 9,4 милиони евра, а во тек е и проектирање на нова пруга од Кичево до границата со Албанија и дополнително на еден крак до Охрид, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

dpmne

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Катерина Ѓуровски31/03/2026 - 13:18

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Катерина Ѓуровски29/03/2026 - 12:08

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 13:11

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Катерина Ѓуровски18/03/2026 - 11:12

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски09/03/2026 - 12:0709/03/2026 - 12:07

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

Катерина Ѓуровски01/03/2026 - 13:35
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто