А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите наместо да го гонат криминалот, ги гонат оние кои известуваат за тоа

by А1он26/07/2019 - 09:25142
Share0

„Аболицираниот Заев ја укина правната држава, стави крај на правото и правдината во Република Македонија. Нашата држава е единствена во Европа во која во затворите има политички затвореници, додека вистинските криминалци ги тероризираат улиците ширум државата, а дел од нив се сместени на Илинденска бб.

Следете a1on на Instagram Instagram

Институциите под контрола на Заев наместо да го гонат криминалот и сторителите, ги гонат оние кои известуваат за истиот и ги обелоденуваат на јавноста криминалните зделки на челниците од власта. Новинарите, слободата на изразување и вистината се најголемите непријатели на лажгото Зоран Заев“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Поминаа речиси две недели, истрагата за случајот Рекет се уште не е проширена. Јавноста се уште не знае кои се високите функционери од СДСМ, Кики и Фрики кои дел од злосторничкото здружување што рекетирало македонски политичари, бизнисмени и граѓани. Главата на криминалниот октопод се уште е на слобода.

Катица Јанева веќе две недели има слободен простор да влијае на сведоците и доказите, поради нејзината службена положба.

Следете a1on на Youtube YouTube

Русковска обвинителството не ни помислува да тргне по главата на криминалниот октопод. Не истражуваат бидејќи е јасно дека на врвот на оваа криминална банда е аболицираниот Заев.

Вилма Русковска повторно го амнестира човекот кој веќе три пати е аболициран за тежок криминал, Зоран Заев. Русковска ја амнестира главата на криминалниот октопод одговорен за случајот Рекет, Зоран Заев.

Со Зоран Заев како премиер во Република Македонија не може да има правда. Со Кацарска судството и Русковска обвинителството Македонија не може да биде правна држава. Правда ќе има кога оваа криминална банда ќе замине од политиката во Македонија, а тогаш ќе одговараат сите кои сториле криминал, како и оние кои требале истиот да го казнат, а го амнестирале“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

dpmne

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Катерина Ѓуровски30/09/2026 - 14:31

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Катерина Ѓуровски27/09/2026 - 12:04

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Катерина Ѓуровски14/09/2026 - 12:36

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Катерина Ѓуровски29/08/2026 - 12:08

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски24/08/2026 - 13:56

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

Катерина Ѓуровски18/08/2026 - 13:27
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео