А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Инфлацијата во март надмина 2%, има пад на индустриско производство, градежништвото паѓа двоцифрено, а 10% од фирмите не исплатиле плати

by А1он08/04/2021 - 14:29105
Share0

„Денес Заев потврди дека економската програма имплементирана од СДСМ само надолу ја влече македонската економија.

Следете a1on на Instagram Instagram

Во услови кога падот на индустриското производство за првите два месеци од 2021 година изнесува цели 14%, во услови кога имаме 55.000 нови невработени лица во 2020 година и дополнителни 4.700 за првите два месеци од 2021 година, Премиерот Заев укажува дека економијата била стабилна и зборува за позитивни ефекти од преземените мерки“, реагира ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференцијата на премиерот Зоран Заев.

„Падот на индустриското производство е речиси во сите дејности односно од производството на храна, до производство на опрема, машини и возила.

Градежништвото во јануари забележа двоцифрен пад. Но како и ќе забележи раст со проектите на Зев и Шилегов за рушење?

Следете a1on на Youtube YouTube

Според управата за Јавни приходи, повеќе од 10% од фирмите немаат исплатени плати за февруари. Зарем тоа се позитивни ефекти од мерките на Заев и неговата криминална Влада.

Стапката на инфлација веќе во март 2021 година надмина 2%, при особено висок раст на маслото за јадење од 15%, трошоците за домување од 4,5% (со најголем придонес на растот на цената на струјата од 7,5%) и висок раст на хотелските и ресторанските услуги.

Инфлација над 2% значи дека наскоро Централната банка ќе мора да презема мери за нејзино намалување. Овие мерки се болни и ќе значат дополнителен пад на Бруто домашниот производ.

Висок раст на цените очигледно ќе продолжи и ќе се забрза во услови на пораст на суровините на светските берзи и опоравувањето на кинеската и американската економија. Маслото за јадење е важен инпут за производството за храна, што значи цените во 2021 година сигурно ќе достигнат највисоко ниво во изминатите 10 години.

Ваквиот раст на цените во целост го покри и вештачкиот раст на платите (раст кај високите плати, при големи отпуштања дава раст на просечна плата), односно граѓаните се соочуваат со зголемени трошоци за живот.

Во вакви услови, каде здравството е пред колапс со 50 починати на ден, кога 60.000 наши граѓани ги изгубија работните места, а дополнително повеќе од 10% немаат земено плата, во услови кога пропаѓаат банки и кога со очигледниот криминал на фирмите од Струмица никој не смее ни да помисли да се занимава, Премиерот Заев излегува на прес и вели дека економијата се стабилизирала.

Земајќи во предвид дека и двоецот Филипче – Заев за здравствената криза постојано не уверуваа дека состојбата е под контрола и стабилизирана, „можеме” да бидеме спокојни и да веруваме дека економските резултати на Владата се одлични и стабилизирани“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

dpmne

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

Катерина Ѓуровски16/08/2026 - 10:32

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски10/08/2026 - 10:4210/08/2026 - 10:51

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски01/08/2026 - 11:5601/08/2026 - 14:05

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

Катерина Ѓуровски15/07/2026 - 13:28

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Катерина Ѓуровски15/07/2026 - 13:01

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Катерина Ѓуровски12/07/2026 - 12:27
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео