ВМРО-ДПМНЕ: Имаме план и програма за почиста животна средина, почист воздух и поквалитетен живот за сите граѓани

Од:

Во 2020 година СДС Шукова и Заев во предизборната кампања ветуваа решавање на проблемот со депонијата Вардариште. Тоа ветување беше официјално запишано и во нивната програма насловена „Можеме’’ за парламентарните избори во 2020 година на стрaна 228 каде што стои „Ќе помогнеме за итна ремидијација на поголем дел од дивите депонии, со приоритет на депонијата во Вардариште како и расчистување и рекултивација на локации со несоодветно отстранет отпад во урбаните и руралните подрачја. Ова е уште едно лажно предизборно ветување на СДС и Шукова, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Истата таа програма на СДС го наведува и износот од 42 милиони евра како финансиско портфолио за реализација на проектот. Каде завршија тие 42 милиони евра? Зошто СДС, Шукова четири години го влечеа истиот проблем без никаква реализација? Зошто ги лажеа граѓаните на Скопје дека ќе го решат проблемот со Вардариште? Како Шукова и СДС имаат доблест повторно истото да го ветуваат пред граѓаните, овој пат Шукова само од позиција како кандидат за градоначалник на Скопје? Ова е класичен пример на манипулација и лажење на јавноста. Ова е доказ дека СДС многу ветува а ништо не исполнува. СДС да не го потценува народот, СДС треба да знае дека 2 пати истите лаги не поминуваат, граѓаните знаат кој работи за нивно добро. ВМРО-ДПМНЕ има програма и план за решавање на проблемите на граѓаните, почиста животна средина, почист воздух и поквалитетен живот за сите граѓани“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ