ВМРО-ДПМНЕ: Имаме имот, ама не вреди 1,6 милиони евра

Од:

ВМРО-ДПМНЕ потврди дека купила имот за свои штабови во градови низ Македонија, но негира дека вредноста на имотот е 1,6 милиони евра.

„Прво, да точно е дека ВМРО-ДПМНЕ купила имот за свои штабови во градови низ Македонија, но второ и неточно е вредноста на имотот што Заев ги презентираше денес. За сите купени простории за штабови ВМРО-ДПМНЕ поседува валидни документи и договори и за сите купени простории е платен данок. Во минатите години ВМРО-ДПМНЕ купи простор за штабови. Тие штабови се купени од многу различни субјекти, од физички лица и од фирми. Штабовите во градовите низ Македонија се платени од средствата на партијата стекнати врз база на закон. За сите објекти кои се купени (а дел се во руинирана состојба и треба да се реконструираат и реновираат) платен е данок за што ВМРО-ДПМНЕ поседува валидни документи кои се достапни на јавноста, но и кои се предмет на ревизија од сите надлежни државни институции“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој денеска истакна дека ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски за три месеци купиле неколку станови и деловни простори низ целата земја во вредност од 1,6 милони евра на име на партијата.

„СДСМ немале потреба да се мачат и да бараат по архивите на државните институции колку штабови има ВМРО-ДПМНЕ низ Македонија, бидејќи тоа се јавно достапни документи во Катастар и се документи кои се достапни и на Државниот завод за ревизија и на сите надлежни институции. На крај, ако имале желба можеле да се јават и да ни ги побараат. Ние ќе им ги дадевме. Ако СДСМ имаат желба, ние навистина ги покануваме да дојдат кај нас и да им ги презентираме сите документи и договори за купување штабови во поголемите градови“, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат дека СДСМ наследила огромен имот од поранешниот Сојуз на комунисти на Македонија и до ден денес користат имот кој е граден со пари од сите граѓани и за тоа не дале никаква сметка и не понеле никаква одговорност.

„За разлика од нив, ВМРО-ДПМНЕ низ Македонија немаше ниту една гаража каде можеше да ги одржува своите состаноци. Еве со каков имот располага СДСМ и тој имот е наследство од Сојузот на комунисти, а е граден со пари од сите граѓани: Градежна парцела во строгиот центар на Скопје на улица Павел Шатев (поранешна Бихаќка) со површина од 2.702 м2, зграда на СДСМ која ја користат како централен штаб, на улица Павел Шатев (поранешна Бихаќка) со вкупна површина од 1.669 м2, деловен простор во Битола на улица Ленинова со вкупна површина од 506 м2, деловен простор во Ресен на улица Борис Кидрич во вкупна површина од 482 м2, деловен простор во Неготино на улица Маршал Тито во вкупна површина од 405 м2, деловен простор во Струга на улица Диме Ковачев во вкупна површина од 204 м2, деловен простор во Кавадарци на улица Маршал Тито ББ во вкупна површина од 158 м2, деловен простор во Крива Паланка на улица Маршал Тито во вкупна површина од 174 м2, деловен простор во Богданци на улица Маршал Тито во вкупна површина од 68 м2, деловен простор во Валандово на улица Првомајска во вкупна површина од 82 м2, деловен простор во Лозово во вкупна површина од 55 м2 и деловен простор во Крушево во вкупна површина од 34 м2“, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат дека вредноста на недвижниот имот со кој располага СДСМ има минимална пазарна цена од над 5 милиони евра.

„Но овие пари не се ниту од членарини, ниту од донации. Овие пари се на сите граѓани на Македонија, а СДСМ ги зграбила како наследник на Сојузот на комунисти“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму го повикуваат СДСМ да се откаже од целиот имот кој и е наследство од Сојузот на комунисти и за кои пари одвојувале сите граѓани во време на поранешната држава.

„Господиние Заев, кога ќе го вратите имотот со кој СДСМ располага, а е граден со пари на сите граѓани и чија вредност достигнува над 5 милиони евра?“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Набавката на електричните автобуси е задоцнета, имаше три години да се донесе ваква одлука вели Арсовска

Катерина Ѓуровски

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

Петрушевски: Бизнис интересот на СДС и ДУИ направи граѓаните да плаќаат поскапа струја

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје