ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство во Охрид, ДУИ и СДСМ се во опозиција

Од:

ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство и доби претседател во општинскиот совет на Охрид, а СДСМ и ДУИ заминаа во опозиција. Со нив и советникот Нефи Усеини и „Охрид има план Б“. Дел од новото мнозинство во Советот на Охрид се ВМРО-ДПМНЕ и коалиција ,,Обнова на Македонија”, „Левица“ и „Охрид пред сѐ“ која ја сочинуваат поранешни членови на СДСМ. На конститутивната седница, со 14 гласови „за“ беше изгласано Сашо Донев да биде претседател на Советот.

„Максимално ќе се залагам за заедничко решавање на проблемите со сите советници без разлика од која политичка партија доаѓаат. Имаме многу проблеми и заеднички сите ќе треба да работиме на нивно решавање. Тука ќе завршам со своето обраќање бидејќи и во време на изборната кампања и пред тоа зборувавме многу. Сега е време сето ветено или кажано со збор да го преточиме во дело“, кажа Донев.

На седницата беа верификувани мандатите на 22 советници. На неа не присуствуваше само Нефи Усеини од ДУИ. Тој по вторпат доби мандат, но е надвор државата и не присуствуваше на седницата, а мандатот ќе му биде верификуван на друга седница.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум

Поради одрон, сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум по една лента