ВМРО-ДПМНЕ има 10.112 нови проекти

Од:

Никола Тодоров, претседател на Републичкиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, денеска на прес – конференција ги презентираше програмите на кандидатите за градоначалници од партијата и коалицијата, со кои ќе ја бараат довербата од граѓаните на овие локални избори.

За нас, потенцира Тодоров, ветувањата пред граѓаните се закон по кој работевме до сега, а така и ќе продолжиме да работиме во иднина.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ на претстојните локални избори ќе претстави вкупно 70 програми за 70 општини насекаде низ Македонија.

– Во овие програми на нашите кандидати, се содржат точно 10.112 нови проекти кои се во директен интерес на граѓаните. Овие проекти се внимателно разгледани, селектирани и предложени од нас. ВМРО-ДПМНЕ со целиот свој кредибилитет стои зад овие проекти и програми на нашите кандидати за градоначалници. Поддршката за ВМРО-ДПМНЕ значи поддршка за реализација на овие 10.112 проекти, појасни Тодоров.

Во овие програми, подвлече тој, ќе сретнете прецизни и конкретни проекти за секоја општина, кои се со веќе обезбедена финансиска конструкција.

ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалицијата, како што рече, во континуитет на сите избори настапува со свои програми кои содржат издржани проекти кои можат да се исполнат и се исполнуваат, а не нереални ветувања, за што доказ се и отчетите на сработеното што ги изготвуваат сите општини и партијата, со цел да ги запознаат граѓаните за досегашните активности и степенот на реализација на ветеното.

– Се што работиме и се што се обврзуваме дека ќе работиме е ставено на виделина. Ние, ВМРО-ДПМНЕ, бевме први во Република Македонија кои започнавме со изготвување програми и отчети за сработеното што ни дава кредибилитет да продолжиме на патот по кој сме тргнале, за подобар живот на граѓаните на Република Македонија, истакна на прес – конференцијата Никола Тодоров, претседател на Републичкиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“.

Би можело да ве интересира

Во ИЕ 6 ДУИ изгуби, а „Вреди“ доби еден мандат

Во ИЕ 5 ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со повеќе гласови од 8 мај, а СДСМ и „Вреди“ со помалку – нема промени во мандати

Горан Наумовски

Првични резултати од прегласувањето на парламентарните избори

Башким Хасани од Коалиција „Вреди“: Со гласањето во Ларце го добивме 14-тиот пратеник

ДИК: Излезеноста до 18.30 часот e 55,1 отсто

ДИК: До 17 часот излезеноста e 45,88 отсто

Горан Наумовски