ВМРО-ДПМНЕ им се заблагодари на прилепчани

Од:

На официјална прес-конференција градоначалникот Марјан Ристески денес им се заблагодари на прилепчани за демократската зрелост што ја покажале на овие локални избори. Освоените 29 000 гласови Ристески истакна дека се гордост, но и обврска за него и неговиот тим, како и енергија за реализација на плус проекти кои не се пишани во нивната програма.

Посочи дека СДСМ нема доблест да им ја честита победата, не добиле честитка ни од кандидатот за градоначалник Локвенец, ни од носителот на советничката листа.

Почитувани сограѓани,тука е разликата меѓу нас и нив, ние знаеме да честитаме и да се извиниме,знаеме да останеме горди до кра.- изјави Ристески.

Ги повика и двајцата во секое време, во интерес на прилепчани и оние што гласаа за нив, да повелат во локалната самоуправа за реализација на нивни реални проекти. при што напомена дека ќе им бидат овозможени максимални услови за реализација.

Уште еднаш им се заблагодари на прилепчани за нивната поддршка и вети дека по 4 години ќе ги видат реализирани сите 400 проекти од нивната програма за европски Прилеп.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?