ВМРО-ДПМНЕ: Или колосална лага или колосална грешка, Заев за вакцини зборува со британската тајна служба

Од:

„Или колосална лага или колосална грешка, кој е Заев да се слуша со тајната британска служба замислете за вакцини.

Нема вакцини против корона ни на повидок, а Заев излегува и на телевизија кажува дека се зборувал со претставници на тајни служби?! Знае ли овој човек што прави?! Дополнително, Заев ќе тера попис, а во меѓувреме ги затвора граѓаните дома“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Граѓаните ги затвора, ама дома ќе им праќа невакцинирани попишувачи кои поминале кој знае колку домови.

А, вакцини нема ниту да за вакцинација на сиот медицински кадар, за останатите како возрасни, лица со хронични болници нема ни на повидок.

Тоа е таа политика на Филипче и Заев затвори ги граѓаните по домови, ама бркај си ги работите, пуштај им на граѓаните по дома невакцинирани попишувачи.

Тоа е план за ширење на короната, а не за спречување.

Помина повеќе од една година и поради неспособноста на власта короната само се шири.

Едноставно е, невозможно е да се затворат граѓаните дома, а власта да им праќа невакцинирани попишувачи и да си тера попис!“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му