ВМРО-ДПМНЕ: Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ до крајот на 2026 година ќе го доврши автопатот Кичево-Охрид и експресните патишта Прилеп Градско и Ранковце-Крива Паланка

Од:

Неспособната и неодговорна власт на СДС и ДУИ 7 години не направи ниту километар автопат во Македонија, го уништи железничкиот сообраќај до ниво да нема возови кон Кичево и Кочани, а кон Битола да се сообраќа само еден воз дневно кој патува и по половина ден. Оваа катастрофа која ја оставија зад себе мора да се надмине и во Македонија да се довршат отпочнатите и да се градат нови капитални инвестиции од патната инфраструктура што ќе значи поттик за економијата во земјата, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

– Согласно направените анализи и градежните капацитети следната влада на ВМРО-ДПМНЕ до крајот на 2026 ќе го доврши автопатот од Кичево до Охрид, кој СДС и ДУИ 7 години не можеше да го доврши. Впрочем власта на СДС и ДУИ само ја зголеми цената на овој автопат до 600 милиони евра и не реализираше ниту 20% дополнителна градба. Во исто време новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја доврши изградбата на експресниот пат од Градско, преку Росоман до Прилеп кој со правилен менаџмент и со јасен план ќе се финализира до 2026 година.

Не само што ќе се довршат фамозните 2 километри од Скопје кон Блаце, туку до крајот на мандатот на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ во целост ќе се реализира автопатот кон граничниот премин Блаце. Во првата година од новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе се заврши изградбата на експресниот пат од Ранковце до Крива паланка, а две нови патни делници ќе бидат испроектирани до ниво на проект, а тоа е експресен пат од Струмица до граничниот премин Ново Село и автопатската делница од Велес преку Чашка до Прилеп.

Дополнително ќе се инвестира во модернизација на сигнализацијата и безбедноста на патиштата, но и ќе се реновираат и железничките пруги, со цел возовите да можат брзо и безбедно да се движат по нив, бидејќи железничката инфраструктура е неопходна за економски и стопански развој во земјата. Она кое што ВМРО-ДПМНЕ го ветува, тоа и го реализира. Граѓаните тоа го знаат и може да му веруваат на ВМРО-ДПМНЕ. Во моментот со власта на СДС и ДУИ никогаш не било полошо во Македонија, и затоа важно е да ги поразиме заедно со народот – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер