ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со заеднички изборен штаб во Струга

Од:

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ дефинитвно одат заедно на следните локални избори во Струга. Ова за А1 го потврдија и од двете партии. Претседателот на струшкиот огранок на СДСМ, Ристе Чушкоски за А1 рече дека пред полноќ заедничката советничка листа ќе ја поднесат до ДИК.

Тој рече дека почнувајки од утре ќе се прецизираат и останатите детали и дека ќе бидат отворени заеднички изборни штабови. Носител на листата е претседателот на СДСМ во Струга, Ристе Чушкоски, 2. Никола Затуроски ВМРО ДПМНЕ 3. Николина Велкоска – СДСМ, 4. Перо Петкоски претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ – Струга, 5. Даме Ложанкоски СДСМ, 6. Јулијана Зуноска – ВМРО ДПМНЕ.

Ако го освоиме мнозинството во Советот на општината и нашиот кандидат победи на локалните избори, тогаш СДСМ ќе го добие местото претседавач со градскиот совет. Во однос на распределбата на останатите места и позиции договорено е начелно тие да се поделат 50-50, рече Чушкоски.

Според Чушкоски реални се шансите по осум години Македонец повторно да биде избран за градоначалник на Струга.

struga

Ако се обезбедат фер избори тогаш шансите на кандидатот Македонец се многу реални. Од утре ќе бидат договарани и другите работи. Најверојатно ќе бидат формирани и заеднички изборни штабови, рече Чушкоски.

Според двете партии станува збор за историска победа за Струга и стружани.

Државната изборна комисија вечерва се изјасни позитивно за барањето на ВМРО-ДПМНЕ да ги повлече кандидатските листи за советници во Струга и Кичево, откако откако партијата доби гаранција од СДСМ дека ќе ги поддржи кандидатите за градоначалници во двете општини.

Членовите на ДИК од ДУИ и ДПА Субхи Јакупи и Бедредин Ибраими, се спротивставија на одлуката и рекоа дека таа е незаконска, но и дека ќе предизвика етнички тензии во државата.

Анета Стефановска од ВМРО-ДПМНЕ рече дека СДСМ како учесник во изборите има право да го избира својот партнер и ништо не е спротивно на законот.

ДУИ пред извесно време објави дека ќе коалицира со ПЕИ на Фиат Цановски во Струга, но тогаш немаше реакции ниту од ВМРО-ДПМНЕ, ниту од СДСМ.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Во ИЕ 6 ДУИ изгуби, а „Вреди“ доби еден мандат

Во ИЕ 5 ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со повеќе гласови од 8 мај, а СДСМ и „Вреди“ со помалку – нема промени во мандати

Горан Наумовски

Првични резултати од прегласувањето на парламентарните избори

Башким Хасани од Коалиција „Вреди“: Со гласањето во Ларце го добивме 14-тиот пратеник

ДИК: Излезеноста до 18.30 часот e 55,1 отсто

ДИК: До 17 часот излезеноста e 45,88 отсто

Горан Наумовски